санкција ж.

санкција (ж.)

Умерените предлагаат мирољубив договор со козарите. Други се за остри санкции.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Неправедно наметнатите санкции веќе ги загрозуваат виталните српски интереси и тоа од празните аптеки до полните болници.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Законот од 2007 ја воведе и обврската за странецот барањето за работна дозвола да го пропрати со писмена изјава дека не му е изречена прекршочна санкција за сторен прекршок согласно со овој закон и дека нема добиено државни средства од Буџетот на Република Македонија за сочувување на продуктивните работни места (чл. 8).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Законот од 1978 година немаше пропишано прекршочни санкции за странци кои остваруваат работен однос во земјата. 2.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Треба да се спомне и дека ЗВРС воведе и обврска за органите и организациите во РМ да обезбедат заштита на личните податоци на странците (чл. 32). 118 Прекршочни одредби Законот од 2007 година предвиде нови основи за изрекување прекршочни санкции.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Па така, според овој Закон, казнено- поправните и воспитно- поправните установи имаат својство на правно лице, а нивното финансирање, како единки корисници, се обезбедува преку буџетскиот корисник – Управа за извршување на санкциите (чл. 18, ст.2 од ЗИС).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
1. Да е државјанин на РМ; 2. Да има живеалиште во РМ; 3. Со правосилна пресуда да не му е изречена казна, односно прекршочна санкција забрана на вршење професија, дејност или должност додека трае таквата мерка;
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, со изговор дека наводно, заедно со останатите работници на смена, сакајќи да прибават противправна имотна корист од 5.250 МКД, при утовар на поголема количина сепариран влажен песок од декларираната, го оштетиле претпријатието2  – им е врачена одлука за престанок на работен однос поради кршење на дисциплината, донесена од страна на директорот, а без никаква внатрешна дисциплинска постапка и без никакво предупредување пред исклучување или, пак, било каков друг вид на опомена или санкција.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Не знам колку време ни треба да сфатиме дека треба да се спроведуваат казнени мерки, санкции против сите што се однесуваат како вагабонти, да не кажам, како леванти со македонската драматургија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Станува збор за едно четиригодишно дете кое побарало засолниште, можеби за да ја избегне санкцијата на родителите, во еден кокошарник.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
1) да е државјанин на Република Македонија; 2) во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)