санитарен прид.

санитарен (прид.)

Тоа беше една подвижна трпезарија, условно прилично чиста, со сите санитарни јазли.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тоа беа неколку бараки. Со уреден санитарен јазол.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Имено, познато е дека во 1915. Duchamp со псевдонимот R. Mutt сигнираше една клозетска школка - типичен продукт на индустријата на санитарни уреди, произведена во фирмата Mutt.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Прво: Надллежните органи и институции на градот да ги превземат сите потребни мерки за пуштање во работа на санитарната депонија „Дрисла“, а во исто време да ја затворат најцрната еколошка точка, дивата депонија „Вардариште“.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Всушност, јас мислам депонијата Дрисла, да речам попрецизно санитарната депонија Дрисла, онаа што е уште во пробна работа - нели? - не можела за толку кусо време да го уништи животинскиот и растителниот свет во реката, да речам рипчиња, ракчиња или што било во реката“, коментираше Ивана, цапајќи низ плитката вода.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„А таму некаде, гледаш татко“, покажуваше накај заснежената Китка, „натаму е таа фамозна санитарна депонија Дрисла, спасувач на градот од ова чудовиште - Вардариште.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Тоа не беше обичен санитарен чин.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Во чистиот дел на салата болните ги облекуваа во сосема нови пижами, ги ставаа на носилки и што е можно побрзо со санитарни коли ги префрлуваа во одделенијата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Со оваа одредба која несомнено е позитивна за работниците е предвидено дека Државниот здравствен и санитарен инспекторат задолжително ќе изврши контрола за тоа дали одредбите од овој закон се применуваат од страна на работодавачите. (чл. 2 од ЗИДЗБЗР/19.02.13)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)