самољубие ср.

самољубие (ср.)

Дело ограничено со една тромава естетика, производ на една уметност на најмало напрегнување, творба на една епоха на низок водостој и слаб проток, што би била состојбата во која се најдоа уметноста и естетиката во вторава половина на дваесетиот век; тоа дело го претставува одговорот на уметникот на оној став на публиката кој тежнее еден Лоеонардов портрет да биде преобразен во „ла Gioconda” - т.е., во нешто повеќе од едно дело, во некакво над- дело, во едно пренапрегнато дело, мит, амблем на секое уметничко дело - толку упорно присутна во своето самољубие, што и кога веќе не ја гледаме, нејзината насмевка, што наликува на насмевката на Carrol-овата мачка, не престанува да нѐ прогонува, дури ни тогаш кога сликата исчезнала.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Личност која е духовно сиромашна, соочена под дејство на дрога со своето вистинско лице, може да падне во депресија, бидејќи не може да ја прифати вистината којашто го навредува нејзиното самољубие и замислената слика за себе.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
На крајот се запушти, ја остави математиката и живееше како дивјак, во нечистотија и осаменост, жалејќи се на незадоволеното самољубие.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Единаесет души, единаесет кораби на немирното море на гревот и самољубието, кораби без кормилар што бесцелно пловат, под управата на гревот!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Старото ливче од книгата со стариот запис „збор-куршум, устрел, грдо самољубие, а смртта, а смртта...“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сега кога ова ви го соопштувам, мртвиот тој и мртвиот јас во еден мртов агол па небото, молкум спориме дали зборовите или самољубието беа причина за нашата смрт која нѐ засолни во овој мртов агол.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Рикаа ли тоа сите можни страсти во неговиот ум, почнувајќи од прејаденоста што понатаму ја произведуваше желбата за блуд, мрзливоста, самофалбата, лакомоста, самољубието!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Не од понизност, од самољубие приложувам една реминисцентна сцена во која ќе се препознавам трајно можеби не само јас: од мојата уста-песна на мајчин јазик излетува опсесивен копнеж - некој речиси жив човек а јас останувам устремена на истото место но божем се враќам Но боже, ѝ се враќам!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Брзина на светлината - Cour carré - Како што затвореник излегува на прошетка под надзор, сам и молкум да се насладува горко на дневната светлост инаку обична, тогаш света; како што несвесното си го подава грбот на есенското сонце да се згрее а лицето да остане темно, како Месечина од онаа страна на видливото; како што затрупаниот бунар посесивно и со мака ги чува подземните води усовршувајќи ја мајсторијата да ги заташкува трагите и да создава привид на секнат извор; како што квадратот е круг, и крст и триаголник, удвоен симетрично и синхронично; како што жената си краде од сонот за да добие време за да биде „нешто повеќе"; како што нема добивка ако нема загуба како што нема сенка ако нема предмет ; како што медитацијата бара отсутност при подотворена свест за светот и душа а енергијата е материја помножена со брзината на светлината на квадрат - така дворот врамен со ѕидини желно кон небото над Лувр зинува се простира префинето како акт на Роден или можеби на сестра му, Камила со намера да го покаже замислениот ерос на торзото видено одзади метатеза на тихоста манастирска и метрополска; - така стихијно надоаѓа тихиот дожд желбата да бидам во средиштето на симетријата бесконечен и рамнодушен број ослободена од суета, од неразумно самољубие зашеметена од ненадејната рамнотежа на крстот, на квадратот, на кругот и да се успокојам, ако веќе морам оти со толку тревоги од различно потекло добивам порив да излезам од себеси а потоа како ќе се сложам и составам во едно, знам ли?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
-Причина за гордоста е самољубието, а гревот е последица на тие две нешта – одговори старецот, продолжувајќи:- Ако човек се сака само себеси, не може да ги сака другите живи суштества.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Те оправдувам, дури и да заговараш во последен момент малку дивина, неосквернето својство на природата (кајшто човечка нога не стапнала!) малку самољубие, „соба за себе“ морски залив колку да не заминеш од овој свет пренесена жедна преку вода - ааах, Доме мој сладок!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)