самоуверен (прид.)

Се сретнавме под прозорецот на Ана - тој со дигнати раменици како да ќе полета, самоуверен и исклештен, јас подведнат, намуртен, лут.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Потпрен со босата нога на стариот форд, важен и самоуверен, Петко го објаснуваше својот план.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Беше потсмешлив, дрзок самоуверен.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Одеше само на ѕвер, беше јак и самоуверен по толку борби со волци.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Северниот ветер сега имаше голем помошник во ноќта и во нејзиното заладување; седеше тој сега раскочоперен на заблескотените сртови во далечината, самоуверен и остер во синикавите, разискрени ѕвезди по високата цибрина, но јасно беше дека тоа е само еден привид.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Потоа меѓу нив го догледа и својот лик: Беше потсмешлив, дрзок, самоуверен.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сѐ уште мислел дека неговите луѓе без причина ја почнале оваа мала војна по која ќе се исправат од недостоплената земја со искалени лица на самоуверени војувачи пред кои штотуку почнало да се крева големото знаме на победата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
МЕНТАЛНИ ВЕШТИНИ Ум програмиран со послушност Само-програмиран ум Од книги Љубопитен, со отворен ум Побожен, ја почитува официјалната Креативен-оригинален животен, не припаѓа религија кон организираните религии Лојален патриот што не поставува самоуверен, отворен, прашања
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
ТЕМИ ШТО ГИ ДЕФИНИРААТ КУЛТУРИТЕ 38 ТЕМА култура контракултура ЕМОЦИОНАЛЕН СТАВ Заснована на страв Заоснована на Научнички оптимизам Бавен-ригиден или импулсивен Анимиран, сјаен, Сериозно-возвишен, работник среќен разигран, Арогантен или фалбаџиски самоуверен, отворен, Тврд-опасен или млак-субмисивен пријателски-сочувствителен
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таа имаше изглед на самоуверена девојка од околу 27 години, со густа темна коса, со дамкосано лице и со брзи атлетски движења.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа парабола ме охрабри, оти сфатив дека чтението е работа опасна, речиси подвиг, дека е борба со ѓаволот-пајак на живот и смрт и дека најчесто самоуверениот се заплеткува како мушичка во словата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Самоуверениот и згоден менаџер на проектот го заврши своето излагање, спомнувајќи ги глобалното село и неизбежниот процес на демократизација, следеше вообичаеното ракоплескање, потоа се појавија келнерите со послужавниците и слично.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Обратно од она што можеше да се очекува, тој токму потпивнат возеше повнимателно и побавно одошто трештен трезен и самоуверен во своите рефлекси.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Неговото самоуверено знаење беше мачно за поднесување, а сепак дразнеше и повикуваше на долг пат.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Пред секој негов самоуверен чекор гледаш потенцијална дупка спремна да го проголта.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Среќа е сѐ она што те прави жив те прави она што си, те воздигнува до небото, те прави силен и самоуверен.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Во земјанката, во ровот и во бункерот, во долгите, најчесто пелтечени дрдорења на довчерашните говедари и овчари, а сега самоуверени и самобендисани политички комесари, кои човека го прават роб, перејќи му го умот и мозокот само за да го ослободат од обидот да размислува, да не мисли и расудува; ги запозна чекриците низ кои тие, млади и недопечени, поминаа за да станат голема сепаленица.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)