самоувереност ж.

самоувереност (ж.)

87. Воопшто, тие се готови да се занимаваат со работи што бараат малку труд, но даваат голема популарност и самоувереност.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Имаше пари, женско друштво и самоувереност. Тоа беше сѐ.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Срамот што ова утро го доживеа до толку повеќе му тежеше, бидејќи со неискажлива самоувереност и радост тргна да ја види Викторија на Попставревци.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Ме повикува врсникот Неделко Шијак, пак шепотел со стиснати шепи на градите божем држи рабови на миросано платно со кое си ја штити душата од отровни повити, но Богоја Гулабарин, Пане Долгманов, Цветко Грнар и Илчо Просинек, веќе се здоговориле ојуначени од ракија да ги здружат сурите волиња во две двоколки и пак во ново јунаштво се клештеле и се подбуцнувале со лакти превесели и за свадба; со сладосни гласови од кои и птици ќе се разбуделе го распрашувале старецот кога ќе се стрчне подмладен и избричен кон цицлестата Фиданка да ѝ го покаже мускулестиот стомак и сѐ друго што е машко на неговата ластареста става; им говорел со ѓаконска самоувереност - Ќе дојде потоп, господ ќе ме држи да не потонам а вие ќе пекате по мене и ќе ме молите ропски рачињата извалкани да ви се држат за учкуров, да ве влечам по бранови и пени.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нивната самоувереност ги чува, ги смирува, тие се дебелеат додека би можеле да се распаѓаат и да умираат.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Неговата самоувереност, неговата апсолутна компетенција, неговиот неодолив оптимизам го правеа неранлив наспроти најтешките напади на најтешките глупости...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ја погледнав прашално и видов дека нејзиниот поглед веќе го бараше мојот со необична смиреност и самоувереност што ме стаписа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)