самотен прид.

самотен (прид.)

Но насреде уште останала самотна греда, ама да потпира јако.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Во првите денови Неда се увили, уште црно што не проноси: — „Таман си мисле оти нема разделба од него, ете пак ќе ми го грабнат! — тагуваше таа во самотните ноќи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
За тоа време волците ќе бидат далеку, безумно, готови да нападнат и самотен патник.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Човекот, самотен и намачен, го има и му останува само ова слободно право да го излие гневот со безумство на кртица и трпеливоста на влажниот црв.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
За тоа време волците ќе бидат далеку, безумно бесни, готови да нападнат и самотен патник.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
ЉУБА: Не знам... Јас го набљудував твоето лице, додека мама ја читаше онаа своја приказна, и мене ми се чинеше, сфаќам за што ти мислиш и колку се чувствуваш самотен.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Нејзината сопственичка, Марија, беше самотна жена која секој ден, пред да оди на работа, ја оставаше и го замолуваше Богдана, како новодојден, да ѝ обрнува поголемо внимание на пудлицата, зашто имаше впечаток дека другите од персоналот тоа не го чинат доволно.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Од него се очекуваше кога не работи, не јаде или не спие, да земе учество во некој вид заедничка рекреација: секој обид за осамување, дури и самотна прошетка, секогаш беше по малку опасен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Трагав и чекав. И на соне и будна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И покрај сета бесмртност трошка леб молам ('Лебот се гледа со очи!') еден добар, една добра, едно добро за душа на оној кој ја презира златната средина оној кој се чувствува удобно во сопствената природа и лебди леко, глатко глето клепка врз клепка - лебедова свила по рабовите на смртното случајно жив фанатично осамен благодарение на предрасудите за природното и вештата заблуда дека живее во заедница а не сам, самотен!“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Само јас го видов тоа опашесто чудо, тој порив на мажјакот да го разурне спокојството, тој пресметан кликтеж на насилникот над зачудениот честак додека ги вика на својата самотна полјанка возбудените женки качени на танки но брзи нозе.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Остануваше само да се докаже мојот талент за комуницирање со недокажани и самотни нешта.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
И навистина, дури казанчето водопадно се излеа, листот на себе ги носеше сите делови од самотната сложувалка, со боја на црн креон, во подобар ред од оној на веќе размачканото огледало.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
А во периодот Бунроку (1592–1596) навиката на пушењето била толку распространета, што во тоа време настанал и овој пасквил: Работи без дејство На мажите е законот против пушењето, Законот против ковањето лажни пари, Царскиот глас самотен и гаталецот Гентаку.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Илузија за среќни мигови. самотни се трајни жигови.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Бидејќи му посветуваат толку многу самотно време и самотен труд, уште од рана возраст, на изучувањето на особените одлики на своите идеални предмети на љубовта, утврдувајќи кои комбинации на одлики – или кој општествен облик – најточно соодветствува со зацртаното во нивната желба, геј-мажите се склони, додека сѐ уште се мошне млади, да воспостават многу подробна и строга умствена слика за она што точно го сакаат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто хомосексуалната желба е нетраен афект, недофатлив начин на чувствување, самотна, сентиментална проекција.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)