самопочит (ж.)

Тоа им дава чувство на независност и самопочит.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
- Ти си вљубен, а во тоа нема ниту ронка самопочит!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Зборував за самопочитта - се обиде да објасни Денко Самоников.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Победувајќи ја тромоста што условува губење на ентузијазам, тој нема веќе потреба од самообвинување: неговата самопочит се зголемува.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Не си ги запознал тие длабочини на умот, затоа те интересираат само површни работи. Ја немаш потребната самопочит.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Но беше доволно бистар да не оди далеку, зашто знаеше дека сега неговиот пријател ќе го викне и, кога Милан не му зборуваше, мачорот не се враќаше веднаш, туку чекаше малку да му се умилкува, нешто што беше добро за гордоста и самопочитта.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Нешто бездруго им се случило на тие мажи што им ги нагризало самопочитта и моралната издржливост.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)