самозадоволен прид.

самозадоволен (прид.)

Само понекогаш, кога ќе застанеше да здивне, тој можеше да се обѕрне назад и долго да се загледува во ситната пробиеност на својата трага, а во неговиот матен поглед, со нешто речиси лудечко од напонот во себе, се појавуваше и една самозадоволна насмевка, просто како во дирата по него да беше собрано сѐ, што би можело да го израдува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Одеднаш се разлеа самозадоволна лисичја смеа, од која на зајачињата престана да им чука срцето.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
И тоа во две насоки: „правење дупки“ во смисла на поткопување и продлабочување на јазот со овдешните тотално анахрони културни монополисти, и 2) правењето дупки е вештина на преживувањето (воздух!), свест дека културите опстојуваат само мешајќи се, и дека се или коресподентни (пропустливи, „издупчени“!) и живи, или дека се аутистични, самозадоволни и - мртви.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Самозадоволното овчо лице на екранот и застрашувачката сила на Евразиската армија зад него, беа неподносливи: освен тоа и самиот поглед, дури и помислата на Голдштајн, автоматски произведуваа страв и бес.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но импресијата и експресијата кај нашава поетеса не стојат во некаков јалов, одн. „школски”, коректен, корелативен момент од кој се забележува некаква „гола акрибија” или евентуален обид да се испроба вештината на „стилските вежби” во зададен поетички формат кој би бил самодоволен или „самозадоволен” од апсолвираната лектира...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)