салонски прид.

салонски (прид.)

Малубројни се уметниците коишто можат да ѝ одолеат на поврзаноста меѓу растечката популарност и растечките димензии, токму како во 19 вековнииот салонски систем во кој најголемите слики обично им припаѓаа на најуспешните уметници.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Не беше пресреќна ни со тие понуди, зашто сакаше да се вратат онаму кајшто припаѓаат, во Галиција, во Полска, во Германија или во Австрија, а им се случуваше спротивното: како семејство сѐ подлабоко навлегуваа во Ориентот, кој – си мислеше Гита Корец во бессоните солунски ноќи - него можеби го влечеше поради традициите што му се допаѓаа на салонскиот ционист во него, но и на сѐ повидливиот, автократски дел од неговата личност.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Да, ќе беше огромна штета да не можеше да се поправат тие прекрасни, елегантни, салонски чевли...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Еве, за да те разубедам и одвлечам од твоите црни мисли, ќе ти кажам што е наредниот симбол што го гледам овде ... па тоа се ... не друго, туку - чевли! Елегантни, салонски, женски чевли. - Лелеееееее!
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Беше омажена за еден салонски магионичар, со кого што требаше да се сретне тој ден по посетата на роднините во Сарагоса.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)