рус (прид.)

И прво падна раката со таа руса глава на мојот храбар господар.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Во градината, на клупа седеше Ана, кадраво и русо девојче од нашата улица.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И веднаш ќе се обратеше кон некоја жена, мрдајќи со русата брада, а во влакната трошки: - Мадам, милостива, пардон.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Го помилува детето по острите перчиња на русата коса и излезе.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Потпирајќи се на една голема ластегарка и со завој на главата, под кој му стрчеа перчиња руси коси, тој застана пред војводата Питу Гули и, гледајќи го право в очи, го замоли да го прими во четата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Таму зад чалмата на кадијата се покажува само главата со русите разбушавени веѓи и ситните мижливи очи на татко му.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А неговата руса жена, целата набрекната во градите и во рамената, гледаше во стапалките, што ги оставаше ти со твоите оппинци, секој миг готова да ти се врекне, како да си ѝ го утепал татка ѝ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Отсега - почна русиот - оваа сенка ќе ти биде под тебе постела, вишно небо над тебе покривач, гора шума - мајка закрилница.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Сето бело едно прасе, со кадрави руси коси, чадор носи - врз чадорот песок роси...
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
— Е, е! лели те најду и тебе, сега знам оти не су на лошо место попаднат — се успокои Толе наполно и продолжи да си живее со руса Миша во удобната квартирка близу до Јована и Неда.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Залепено до неговите образи, стоеше младо, бело женско лице, со бушава руса коса, кое заедно со Челебијата и се насмевна на групата слуги.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На кинисување ѝ рече на Митра убаво да го гледа светијованот Толета, да не се поплаче кога ќе си дојде, оти „џуап не му дава“. Co тоа Трајково одобрение Толе веќе безгрижно остана да си живее со руса Миша под еден покривач, та дури и во една постела.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со цветно венче на главата, со распуштена руса коса дури до појас, со огрубено лице, со полна кошница бисилкови кивчиња и шарени предена одеше низ Потковицата и на сите крстопати и покрај сите води, и кладенци, каде што поминуваа, каде што пиеја и каде што пладнуваа Турци, правеше маѓии, па така никој, ниту Турчин ниту христијанин злонамерник не смееше да ѝ излезе во пресрет, не пак да ја земе на подбишега и да ја злоставува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Чувајќи ја пушката в скут, ја симнала шамијата, ја распуштила косата, руса, бујна и природна, како и наживот, и ја собрала кукул на тилот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Има руса коњска глава со муцка ко мотика, ко собуена чизма.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме позема со очите, што се вели, му блескаат на русата глава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Девојките, оние што пред тоа се колнеа со машка горчливост дека на Кукулино ќе му ги свртат русите плетенки и ќе отидат далеку, во Германија и во Шведска, како слугинки или болничарки, ги поткренаа градите и се стегнаа: старите погодуваа дека тие ноќе ги сонуваат тешките раце на вдовецот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кога дошле со мирис на сол или на јод или на морски треви во косите, еден од друг погрд и сепак со чудна смиреност под русите веѓи, рекле Дојдовме од далечни мориња, бевме со синџири врзани за кораб, му отслуживме на царот, нѐ пушти болни и без заби.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Меѓутоа, се случило на втор ден Божик да бидат близнаци, црномуресто машко и девојченце со руси коси.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа пресметале колку што умееле и биле задоволни - суви, ковчести, долгозаби, повеќето од половината со руси заткарпатски бради: во мракот на ѕидиштата, освен воденичките камења што ги немале, можеле да се згрчат двајца: едниот да оглувнува од тракањето на прплицата, безгласен и со сув душник под дрипавиот минтан, живо тесто од крв и брашно, другиот со воздишки да стои зад прозорчето и со секира или кременка да ја брани селанската мака.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе