рубин (м.)

Тоа не е моја крв. Тоа е рубин од грбникот на мојот прострелен ден.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А разгранатите, овде-онде по дворовите, расцутени бадеми и праски гореа со своите светлорумени крошни и се преливаа на сонцето, како големи сјајни рубини.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тоа е рубин од грбникот на мојот прострелан ден.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ги гледав принцовите, високите копја, коњаниците... пурпурот, зелените, темно-црвените, оклопите со рубини... Целото безредие!...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Златниот замок го чува орел со шилеста глава и со блескави рубини наместо очи. 68.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Кога се гледаше одозгора, течноста изгледаше речиси црна, но во шишето блескаше со боја на рубин.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Секој чекор набљудува, божја милост сака, како рубин сјае, заедно со човек во љубов расне, својот црн другар го следи, неразделен, знае дека вреди.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)