рокенрол м.

рокенрол (м.)

Ти играш оро? МАТЕЈ: Не Рокенрол. (Пауза) Марк не знае рокенрол. (Пауза) (Се отвора вратата централно, излегува Мира. Во пиџами. Штотуку станала од спиење. Седнува на софата. Пауза.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
По ѕидовите поп и рокенрол постери и слики. По полноќ. На средината на собата, на софа, седат Соња и Арапот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Играа по тактот на мелодиите што ги слушаа иако не ги знаеја игрите: танго, валцер, фокстрот, чарлстон, самба, румба, рокенрол, ча-ча-ча, боса нова, полка, а најмногу ламбада која беше хит и која почесто ја повторуваа и чиишто ритам најмногу им се допаѓаше.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Моето трето око почнува да зрачи, црн отров ми го исполнува телото а девојката ми раскажува за сторијата на дрогите и рокенролот. 5.30 Во такси сум заедно со уште три прекрасни девојки.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Хенриеви плочи кои го исполнуваат воздухот со рокенрол.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Младите луѓе од целиот свет мутираа, како што предвиде Маршал МекЛуан, преку високо комуникабилните меми: документарни филмови, рокенрол музика, MTV, пиратско емитување, сето тоа доаѓа до нив преку Американско-Јапонските телевизиски екрани.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Порано деликвентите не беа такви. Слушаа рокенрол и не мачеа малецки луѓе.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се палеше да слуша рокенрол, дедо му му кажал дека од тоа може да постане педер. А сега е ди-џеј.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Секс, дрога и рокенрол. Секс немаше никаде, освен во неговата парола, ама затоа пак, имаше премногу од останатото, знаеше точно како да го компензира она што му недостигаше.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Наутро, во 5 и 30 часот, го возев „оној“ на работа во студиото на Рокенрол продукцијата, каде што со Роберт Јанков ја снимаа во живо емисијата „Здраво Македонијо“, што и сега оди на Канал 5 ТВ.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)