рои несв.
роиште ср.

рои (несв.)

Темнината везеше врз нив влажни шари. Околу матниот живот на уличните светилки се роеја игличести, капки, проѕирни бубалчиња.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И во потресниот ум се ројат планови како да го избегне нападот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Очекуваше. Во него се роеја очајнички мисли. Нема да им се даде в раце.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Молчи но знам дека мислите ѝ се ројат како пчели.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И стоеше потоа така, загледан во темнината низ која се роеја безбројните крупни снегулки.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Требаат дрва, треба храна за добитокот, за кучињата, за мене! - се слушна Бојан себеси како зборува, како сам си одговара на бројните прашања што му се роеја во мислите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Трмката на твојата мисла се рои во пределот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
II Појдов во полето долапот стар да го видам кула од кристали матица што се рои небото од штурци што пее уште по сите ридја по сите брегови на соништата мои.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
На челото твое глеј, желби се бројат, во срцето врело рој желби се ројат: - Да пораснеш голем, да надраснеш џин, на мама, на тато да си свиден син.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
И црневица се растури накај џадето, Турмата како диво надојдена река, црна, огромна, разофкана и развикана, расплакана и разлелекана - надоаѓа, надоаѓа, се згустува; истечува од горе и дотечува, бучи, завива, вие, тупа, дига облак прав, го наполнува просторот, се влева во ендеците, се втиснува и се растура меѓу камионите, ги опкружува, се збива, се рои, во бранови се фрла, трча, клокоти, врие и вика гласно, болно, продорно, пронижувачки, жаловито, галежливо, тажовито, испрекинато, молбено и шепотливо: - Е-е-е-е-е!!!...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
На поплочена плоштатка пред црквата, во камено корито, низ железна шепурка, живо и осамено истураше чешма, а во неограденото и заедничко двориште на црквата и населбата, околу кошарки од врбови прачки, кои беа начепени со лепешки измешани со плева и помеѓу кои се шеташе живина, шумно се роеја улишта.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И во тој миг, мене почнаа да ми се ројат мисли необични низ главата. Зошто ми го рече тоа?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во нашите глави се роеја секакви мисли.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сите оние грди мисли што му се роеја во главата додека скиташе по стопанството и она што сѐ сакаше да ѝ кажува едноставно испари од неговата глава.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Грижите на работата во Комесаријатот му го толчат мозокот и штом ќе има малку послободно време, мислите му се ројат како пчели во темна кошница и тогаш почнуваат неговите неиздржливи главоболки.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Психијатарот, ги крена рамениците, погледна кон часовникот за да биде сигурен дека времето предвидено за нивната сеанса заврши, а во мислите му се роеше идејата дека секогаш ќе има работа за таквите како него!
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Оние на кои им значи огнот со време ги курдисуваат срцата на забрзано чукање и пред да го започнат почесното сркање на новите страсти кришум прегрнати среде бел ден севезден дуваат во мангалот на Хипократ и ги разлетуваат како диви гулаби скриените жарчиња од кои се ројат палави светулки за новите ноќи.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Колку се ројат прашањата, толку поизлишни се одговорите.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Над нив викотници и облак сива прашина. Надојдува и надотекува, се згустува, бучи, баботи, протура и рои толпата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И во тишината - надвладува молкот, стежнатите воздишки, прскањето на искрите во огништето, а во нивните глави - цутат мисли и се ројат мали радости, што секој ги има и љубоморно длабоко ги чува.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)