розикав прид.

розикав (прид.)

Тие паметат како изгледала порано оваа обична главичка; голо, детски розикаво теме, со венец остра, црвена коса над малите уши, подвижно чело просечно со две вертикални, страшно густи веѓи, голем црвен нос, широка уста, модри насмеани усни, ќосава брада со снежнобела кожа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Преку тенките кожени прегради очите ја сеќаваат розикавата и тешка светлина на ламбата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Како е сега таму мирно под розикавата пена на расцутената праска И како потрепнува на осамената клупа мозаик од нежни полусветлини.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Поарно е сосем да ги спушти капаците и непроѕирната розикава завеса нека го сокрие од натрапливите очи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Левото уво му беше чудно, некако врколачки зашилено, и одрано, а на 'рскавицата се сушеше розикава сокрвца. Околу рабовите на кадравите зулуфи на тоа чудовиште се навираа бледозелени тапанчиња на преситни крлежи.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)