роди (св.)

И родила жената му дете црно како арапин.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Јас секогаш ќе го почитувам покривот каде Кузман го родила Неда и каде што таа поднесува голема тага.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Роден во планинско место каде што живее племе Од смртници смешни: веруваат в Алах и Христа, мешано празници слават; и оџа, и поп на гробиштата заедно исти обреди свештени прават.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Та не беа челични! И нив ги родила жива жена, и паѓаа мртви.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
– Колку е жал за кај што се родил човек“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Ејди, синко Силјане, му рекле старите, ние сме дојдени во вашето село Коњари уште не беше роден ти; ние сме живееле на вашата куќа; ние знаеме сѐ што имате дома, ем поарно од тебе.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Оти луѓе сме, затоа луѓе сме, му рекле, а за штркови што се правиме, си имаме од деда прадеда клетва да се правиме, чунки тука ние, Силјане, не е чаре да родиме челад според една клетва што ни е оставена од деда прадеда како што ти кажав уште од понапре“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Занесувањата на Русија родија една Бугарија, но со нејзиното, родување Русија умре за нас.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во неа и сред него сме родени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Што ќе биде, нека биде! Симка е за мене родена, не за некој си Јован!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
А, кога ќе се роди, татково име да носи. Ќе ѝ биде на мајка атерот.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
БОЖИН: Е, што ти е животов! Роди се и право на работа!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
АРСО: Е, зар мајка ми ми ги родила, та... Туку, јас го гледам адетот.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ДЕПА: Море, ние немаме касмет, вака сме се родиле и вака ќе се искинеме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
АНЃЕЛЕ: Не џанам... Ами мајка ми кога ме роди прво на вакво столе ме стави да ме завие, да не ме става на земја.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
На работа! На труд! Да прокопаме меко полињата родни афион, тутун, житце да родат благородни.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
На работа! На труд! Да роди род богат!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Не беше Ленка родена за тиа пусти тутуни!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Проклета да бидеш што кога си ме родила по вода не си ме фрлила!... (заклучени рацете ги крши прстите).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ти роди до две имиња славни – чеда и моќ на цел еден свет, кои во дните најтешки темни зарија нож во варварски век.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК