ровок прид.

ровок (прид.)

На деда Богомил земјата ровка, мека, набабрена за род, со страдна душа чека ударите ни јаки со мотиките остри по троскот пелин трат!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Песни ечат во твои пазуви, рофка земја со трактор се оре, план сеидбен, норми надфрлени, поле мое, ко широко море!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Напластената ровка земја се отресе од неговата глава и тој жедно ја вдиша свежината на воздухот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Или оној со врзаноно око ти се пофалил? Тропни ѝ на вратата, ти рекол, ќе ти отвори, ровка е.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Почнав со посетата на онаа нива во Далјани, во која дамна, седнат во топлата свежо изорана бразда што се испаруваше, гледав како волците слегуваат по сртот на планината, темни четинари спроти пролетната проѕирност, гледав како две чавки ја опчекориле, гладни, нашата ровка земја, и како волците стигнуваат зад стапалата на татка.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Земјата мрзне, се дроби и затоа е толку ровка.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Земјата била ровка и копањето на каналот било лесно и брзо.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Водата, самата вода, неговата вода, го беше поткопала ридот и го отвори минатото, ровко, растресено, со по некоја коска овде-онде.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Од долчето се искачија право в лозје. Долу песокот чкрташе, а овде е земјата ровка, стапалките леко се одбележуваат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тешка е оваа ситуација. Понекогаш сакам да пропаднам во темната и ровка земја.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)