ридски прид.

ридски (прид.)

Еј, јуначка луда, крв црвена, рујна, ти не ли се жалиш што вака се сипеш по ледини ридски, по тревата бујна?
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Се спуштивме долу на ридските нивчиња.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
До самиот брег купишта дробен камен, од спротивната страна, навалена на ридското подножје, се извишува новата зграда на универзитетот и пред неа убаво уреден паркинг.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тука го чекавме противникот само со своето пешадиско оружје, неколкуте ридски топови со само сѐ на сѐ пет илјади топовски гранати.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На располагање имаме три батерии ридска артилерија.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)