ржен (прид.)

А кога лежев крај тебе под трепетливиот покрив на ’ржените класја мислев дека моите корења длабоко се впиваат во земјата и ги цицаат во себе, во мене, сите незини слатки сокови и дека ти вечно ќе бидеш крај мене, секогаш иста - разбушавена и румена. Врела.“
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ти тоа поинаку го стори, тогаш, во онаа ’ржена постела, потоа плачеше.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тие уште употребуваа борина за светло што сами ќе ја насечеа по боровите кории, тие уште носеа кошули од домашно ленено платно, тие уште јадеа домашен, црн ’ржен леб, иако цело село од поодамна се беше свртело кон готово, купечко бело брашно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не, тоа не беше исто. Ти тоа поинаку го стори, тогаш, во онаа 'ржена постела, потоа плачеше.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се обиде да стане, во својот смрзнат страв да му се спротиви на извик, но во неговото грло крикот само кркореше; еднаш во една тешка 'ржена зрелост.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тој чекорел во свечена осаменост на обред во кој се кадат со темјан слабушкавите за битка, всушност не ги подавал рацете кон копнежи туку со здив, со чело, со врелина во врвовите на прстите џбарал слободен простор по чии невидливи врвици можело да се стаса до златни бранови на 'ржено море а во нивната лелеавост да се живее и да се чека на доаѓањето на русалките и девојките; со нив ќе е и таа, Ганка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Без објаснување во себе и за себе, темен и тромав, неприродно наведнат над живото петно во мантија, со претчувства барал да ја прочита вистината од челото на заспаниот, најпосле, навистина, куќата горела, некој пуштил од дланка пламната птица врз 'ржениот покрив, Гавруш Пребонд или попот Панделиј Каламарис, и тој станал бескуќник; спиел во тесниот дом на шурата Адам Лесновец, јадел негови компири, благословувал на софра со негово вино и осамен бил: не му треба жена, топло месо под ленена кошула и подвижни мали дињи под кожата на градите, му треба мајка на двете негови деца.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Остана завртена со грб по чија ленена белина се спуштаа две 'ржени плетенки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Особено откако ги видоа многубројните перчиња женски коси обесени како ракатки ’ржени класје.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Црн, ‘ржен леб, парче мармелад со некаков чудникав сладуњаст и гнилест мирис.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)