речиси прил.

речиси (прил.)

Исто така, овој историски поглед покажува дека речиси во сите времиња се забележува силно работење на народниот дух врз културно-историска основа, резултат на која се јавува образувањето на силна македонска држава од царот Самуил и богата народна литература.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Турското господство ни ги пресече сите врски со нашата старина: Најтешко се одрази тоа на Македонија, како централна провинција, па затоа во тоа време кога кај другите православни Словени постепено се изработуваше писмениот јазик и правописот ние сѐ повеќе се обезличувавме и речиси сосем се откажавме од нашиот јазик како орган на литературната реч.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
30. Во Источна Румелија (Јужна Бугарија) во тоа време живееја Бугари, Грци и Турци, па се признаваа и сите овие јазици, но по присоединувањето кон Бугарија постепено Грците и Турците речиси наполно беа иселени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не се гледаше низ тревата, но нозете им шлапкаа и им пропаѓаше речиси целата стапалка.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Широчината не е без сајбија иако е тој без тапија, без документ, речиси, со кое би имал право да го чини она што го чинеше.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Високиот, внимателно напудрен професор по српски и по историја, киваше во белите дланки, удираше со прсти по масата, речиси по барабан, и весело говореше: - Вие не сте добиток, имате јазик.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кога виделе дека земјата им се поиспостила, а тревата речиси секоја година горела од жешкото сонце, тие намислиле да побараат попогодни места, кои во тоа време ги имало во изобилност.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Ама на Илка сонце му грее! Бркаданикот беше одамна готов и речиси истана.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
На еден умри му, на друг, на трет, речиси половината мажје во селото се вдовци, а вдовици десетина ја има, ја нема.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
- Никој не сакаме, - рекоа речиси сите.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Прво не знаеше кај се наоѓа, но потем, речиси истовремено, ја препозна куќата и го препозна и Лумана.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Децата кај деда Гера го најдоа и деда Ангелета, човек врсник на Гера и на Бошка Манев, кој до Хуриетот исто така бил комита и шегобиец речиси рамен на својот војвода.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се разбира, на такво полжавче, дете речиси, човек не погледнува низ нишанот на пушката.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Волчицата почна да се прикрадува кон трлото, полека, нечујно, речиси не допирајќи се до земјата, за да не биде пак изненадена.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тоа не е сѐ. Зад колата чекори третата судбина: ситнолико дете со суви усни и влажни образи; тоа се држи со двете раце за решетките и тивко, ретко, речиси нечујно липа низ раширените ноздри; погледот на влажните детски очи не се одлепува од кучето.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во алиштата искинати – испарталавени, речиси голи, со изгорени градници и плеќи, неизбричени, нестрижени, разбушавени, неизмиени, испиени во лицата, пропаднати во очите, бетер и од најслабата крава или магаре.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И, речиси сите големи победи на Сулејмана се должеа на неустрашивиот јаничарски ага Мехмеда Соколи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Мораше долго да чека, бидејќи отиде кај Султанот имаше официјални приеми, па и Великиот везир беше речиси зафатен со нив.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Подоцна почнал да пишува и минијатури и новелети, а последните години од својот живот им ги посветил речиси исклучително на драмите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Мажите го играа “Тешкото“, држејќи се здраво за раменици без насмевка, речиси намуртени.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК