рехабилитација ж.

рехабилитација (ж.)

Бендоу разгледува неколку начини со помош на кои би можело да се стави крај на забраната за уживање дроги, исто како и користите и штетите од секој од тие пристапи, вклучувајки ја и заштедата на средства кои би можеле да се пренасочат во пропаганда против наркоманијата и за рехабилитација на наркоманите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таа наскоро се претвори во вистинско катче за рехабилитација на болни кои заздравуваа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
За другите тоа беше борба за рехабилитација, за него - нешто подлабоко, рамносметка со себе, преценка на својот животен пат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тоа беше и мојот прв цивилизациски шок, после што ми требаше долга и тегобна рехабилитација.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Што знаеја другите беше јасно само по себе - дека тој се стреми кон извесна рехабилитација, што е сосем природно и разбирливо.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Со измените и дополнувањата на ЗПИО во поглед на правата врз основа на инвалидност настанаа промени околу тоа кои лица се опфатени со задолжително пензиско и инвалидско осигурување врз основа на инвалидност и телесно оштетување, постапката за утврдување инвалидност, паричните надоместоци на лицата со преостаната работна способност и преквалификацијата или доквалификацијата, односно професионалната рехабилитација.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Четврто, усвоена е одредбата според која лицата кои не се осигуреници, но кои се здобиле со инвалидност под наведени околности во законот (на пример, ученици и студенти при практична работа или невработени лица при стручно оспособување, преквалификација или доквалификација), или кои зеле учество во одредени активности (елементарни непогоди, обука по покана на органите на одбраната, културно-уметнички манифестации и натпревари и друго) имаат право, преку професионалната рехабилитација, да се оспособат за работа на работи според стручна подготовка стекната со школување пред настанување на инвалидноста (чл. 15).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Војската, која се одликува со најдобра организациска подготвеност, би можела да ја преземе грижата за евакуацијата, транспортот, лекувањето и рехабилитацијата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тогаш дојде до шест промени во поглед на правото на професионална рехабилитација.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
5.  Работодавачот не смее да наложи работа подолго од полното работно време на работникот на кој, врз основа на мислење на лекарската комисија, поради таквото работење ќе му се влоши здравствената состојба; како и на работникот кој работи помалку од полното работно време [скратено работно време] во согласност со прописите за пензиско и инвалидско осигурување [инвалидност], 144 прописите за здравствено осигурување [медицинска рехабилитација] или врз основа на други прописи [родителски обврски] (чл. 120, ст.1, ал.6 и 8 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На работникот инвалид на трудот со право на професионална рехабилитација, по основ на професионална неспособност за работа – работодавачот е должен да му обезбеди услови за вршење на професионалната рехабилитација и да го распореди на друга работа со полно работно време во согласност со прописите од ПИО (чл. 178, ст.1 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Од 1946 година, па сè до крајот на шеесеттите години, и покрај рехабилитацијата, неговите дела не се печатат.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
После операцијата отиде на рехабилитација во една мала клиника во Швајцарија.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Сега тој пред Татко по некогашната сорбонска одбрана, небаре се наоѓаше пред нова, балканска одбрана и вистинска рехабилитација, која не можеше да му ја донесе ниедна тогашна и идна универзитетска институција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој не можеше да доживее целосна рехабилитација, односно да му ја вратат универзитетската професура и местото шеф на Катедрата за педагошки науки при Филозофскиот факултет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)