рефлексивен прид.

рефлексивен (прид.)

Разговарав со еден млад пациент, пак од нашата земја, кој со интервенцијата на Гио во разните канали на нервниот систем, односно во центрите за движење на малиот мозок, успеал, според сето она што денес може да го даде неврохирургијата во светот, да му ги смири движењата, неволните, рефлексивни движења на рацете и на главата и го оспособил да може самостојно да се служи со раката, да може да се вклучи во животот со значително помали недостатоци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Рефлексивната свест- самосвеста е во солипсистички круг. ‘Духот’ е заробен во кругот на сопствената иманенција, неспособен да воспостави контакт со ништо што не е негов одраз.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Снимките на тривијалните разговори и озборувања што кружеа по Фектори беа исчукани и средени од Боб Коласело, а резултатот на тоа беше книга како некаков компромис помеѓу Глас на Дерида, поради редовите на рефлексивна проза во неа, и синопсис за некаква сапунска опера.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ова не го потпомага дијалогот кој е потребен за технологијата да стане проблем со кој ќе се бават нашите луѓе, ќе се зафатат со него на еден рефлексивен филозофски начин.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)