реноме ср.

реноме (ср.)

Од посетата на една ваква установа, која има високо реноме со своите научни постигања во областа на астрофизиката, се очекува многу.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Тоа го ценам кај дамите со реноме“, рече авторот намерно служејќи се со постилизирано изразување за да го погали малограѓанскиот менталитет на коконата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
По отворањето на манифестацијата, со пригодна етно-музика, претседателот ја отвори манифестацијата зборувајќи за реномето и нејзиниот историјат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со оглед на високото научно реноме и наобразбата што ја имаше Климент Камилски, му беа дадени работи, како на пример во Фолклорниот институт, колку да не остане на улица и без леб.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)