рендген (м.)

Во истиот овој логор биле силувани 25 болни жени. Ги носеле на рендген.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но тие се плашат од забушавање, настојуваат за да бидат посигурни; те вентузи, те рендген, те да им се вади крв... да ги пипка некој од горе до доле... сѐ да им се измери... притисокот и глупоста...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Стрес тест, тест за алергии, тест за рефлекси, текст за капацитет на белите дробови (дував во жолти балони сѐ додека не пукнаа, потоа во една машина со големина на Хамондовите оргули), рендген, броење на спермата, и густо отчукан прашалник на дваесет и четири страници со поглавја за анализа на соништа, генеалогија, логика и заклучување.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Мама е мртва за рендгенот, во најдобра смисла и за мене, што можеше и да се предвиди.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Купена младина изигрува бунт кај чичко Сорос седнува в скут црвени буржуи полни со пара знамиња веат со Чегевара Масони демнат чип да ни стават ренген на улица на глава да прават болести нови наскоро следат на чело рогови нас да ни зденат „Божји“ главатари мерцедес возат пред нив сиромашни во црквите просат целата нација во духовен колапс Господе и правдата преживува пораз
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)