реквизит м.

реквизит (м.)

Јас така добро ги познавам сите твои реквизити со кои ја подготвуваш секоја ликвидација, што ги сеќавам уште пред година време.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Сликарите се реквизит на блиските кафеани. Сопствениците ги поднесуваат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тој беше екстравагантно облечен. Со некаков качкет, сиот брадосан, со една торба, веројатно со реквизити за цртање.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ако сме ние сликари- скитници, овој што иде кон нас - тоа е наш реквизит - тоа е поет- скитник, - објаснуваше Кире.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Камбанчето и ќускијата ги држеше во својот кревет како брачни реквизити.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Мерачките реквизити ги носеше еден нивни помошен работник, но главниот инженер одредуваше каде да се постават, кога да се преместат, или да се соберат, и само тој гледаше низ малата геодетска камера на три потпирки.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Инаку сликата на Тито беше стандарден реквизит во секоја канцеларија и јавна просторија.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Беа останати живи некогашните реквизити на Титовото време и владеење - неговиот мавзолеј во Куќата на цвеќето во Југославија, резиденциите ширум Југославија, бродот Галеб, симболот на Титовите мисии во светот на неврзаните во времето на студените зими - во Индија, во Бурма, во Индонезија, во Етиопија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тароти, гравови, лаптопи, а богами има и такви на кои не им требаат никакви реквизити туку само што ќе ви го чујат гласот ви прогнозираат 30 години унапред шо ќе ви се деси.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Откако виде дека Метакот не е криминалец и не поседува џаначки реквизити, џандарот си го врати пиштолот на место и запали цигара.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Околу нив храна, пијалоци и разни реквизити.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Овој реквизит ѝ стана неодминлива алатка на патувањата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)