резервиран (прид.)

Во Федерацијата првин беа резервирани кон странските новинари, но, на крајот мораа да попуштат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Изгледа дека четвртокот беше резервиран за каша од ориз.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ако зборот „музика“ е посветен и резервиран за инструментите од 18 и 19 век, сега можеме да го замениме со поосмислен термин: организација на звукот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Македонците мораат да прифатат дека македонскиот државен идентитет не е ексклузивно резервиран за нив.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Политиката на резервиран етнички соживот доведе до сегашната криза.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се врати Андре Декостер во Париз, презадоволен од високиот прием, никогаш не бил примен од претседател на република, макар што во педесетина земји ја пренесувал козјата технологија, но остануваше резервиран од капацитетот на надлежните и потенцијалните козоодгледувачи да ја разберат модерната технологија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Искусниот Месади, првин беше резервиран, од страв некоја од потврдените партии и лидери да не крене превисоко глава, па да го загрози претседателот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Овој термин беше резервиран за заинтересираните од Машкото друштво „Осамени срца“.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)