реже несв.

реже (несв.)

А оваа острица режеше како што се реже зрел клас под грло, да шибне сок, бол, збор.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Лукаво се провираше низ нозете на мостовите и режеше како гладен пес, безчувствена за светлите бакнежи на сијалиците.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Режеа од една полутина кашкавал, а често макнуваа од големата конзерва сол.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мирче дојде токму на време. Уште бравите не беа скорнати, сите четворица му појдоа на овчарите кои ги најдоа боси да режат опути за да ги наврват искинатите биволски опинци што ги топеа денеска во локвата на пресопта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Потоа луѓето се нафрлија да купуваат алатки за работа: искупија плугови, гребла, копачи, мотики, сорови, клинци, шари и зафатија да ги поправаат куќите и плевните, да ги ораат нивјето, да сеат, да садат, да ги режат овошките; го тераа добитокот да пасе по планините и високите места каде што тревата беше чиста.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
При сѐ што цело време зборуваше, Живко брзаше да го домака червишот од ширденот пред да му се залои, потиснувајќи ги недоџваканите залаци со долги голтки од виното што режеше како расолница.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тогаш тој, станува дебил. Во неговиот ум, неподвижноста на сликите почнува да реже свои форми.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
О, малку морфиум анестезија додека ти ја режат татковината на живо по којзнае кој пат овој пат дома - помрачениот ум реже заслепен од белината на светлината од себеси, Боже суетата е клопка осуети ја избегни го последниот чин на македонската мелодрама смени го жанрот направи нешто!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Расолницата кога реже немилосрдно дава до знаење дека има сè повеќе висибаби кои попусто чекаат некоја нова пролет.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)