регулатива ж.

регулатива (ж.)

Еден од најчестите видови прописи во светот насочени кон подобрување на визуелното опкружување е регулативата за зонирање со којашто се ограничува употребата на надворешни знаци и билборди.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
44 Неодамнешните примери на големи проблеми со лица без државјанство ја вклучуваат Република Чешка, каде голем број луѓе, особено Роми, повеќето родени на словачка територија или потомци на лица родени во Словачка, беа практично лишени од чешко државјанство поради ограничувачката законска регулатива за државјанство и големите административни давачки по одделувањето од Словачка; Украина, кога по 1988 година околу 260.000 Татари кои биле депортирани за на ангажман на УНХЦР во проблемот на бездржавјанството беше ограничен, а во некои случаи и непостоечки“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
2. Закон за безбедност и здравје при работа Со донесувањето на новиот Закон за безбедност и здравје при работа во 2007 година дојде до следните промени во законската регулатива која се однесува на материјата на заштитата при работа: Дојде до промена на опсегот на важење на овој закон.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во Република Македонија работничките права во претходните 20 години драстично се намалија преку промените во законската регулатива, а многу од правата кои и понатаму фигурираат во законските акти не се почитуваат.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Како што може да се забележи од овој приказ – и кога на власт бил СДСМ и кога на власт бил ВМРО ДПМНЕ, далеку побројни и посуштински се негативните отколку позитивните промени во законската регулатива што се однесува на работничките права.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тоа јасно се гледа од анализата на постојаните измени и дополнувања во законската регулатива, која се однесува токму на правата на работниците.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
После воведот, а пред изложувањето на корпусот интервјуа, даден е кус преглед на македонската регулатива за работните спорови, од сите [материјално-правни и процесно-правни] закони кои ја тангираат оваа проблематика.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Олга Наумовска оваа книжевна работа си ја сработи, со сите тематски разнородности, со сите поетски регулативи, со сите верувања дека ќе се всели во очите и душата на читачот за кој и е наменета оваа мошне интересна поетска стихозбирка, неверојатно искрено, со јасни слики на вистината, онака како што кажува погледот, како што зборува срцето и како што реагира душата.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)