регресија ж.

регресија (ж.)

Во последнава деценија настана значајна регресија бидејќи силите од десното крило се обидоа да ги присвојат овие заслужени социјални и политички победи.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Упростено речено, во основа на сексуалниот однос се фантазматските обрасци, психичките репрезентации, мисли и идеи кои не се латентни па потоа потиснати како што е тоа случај во сонот, туку се латентни, а потоа подложени на регресија и тоа не формална, туку топичка регресија, преку сензори- моториката до оргазмот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сатори во хармоничната комуникација човек- компјутер, како резултат на бескрајните регресии во мета- нивоата на авторефлексии, е награда за совршената концептуализација и реализација на идеите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И понатаму: по која логика студентите беспомошно застануваат пред првата општествена пречка на патот до знаењето, по која логика на јавно ниво го премолчуваат проблемот и зошто нивна единствена реакција е регресијата во приватен трач?
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Нивниот душевен расцеп е подлабок од обична регресија кон пониските степени на психичкиот живот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Треба да се осмелиме по повод Третиот рајх да зборуваме за културна регресија кон “автентична” форма на културата, за најголема регресија кон најавтентична форма - толку автентична што културата стварно се здобива со природни црти.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Имено, во таа анегдота е содржано сѐ што ја убива интелектуалноста во самиот нејзин зачеток: страв пред јавната артикулација на сопствените мисли, прифаќање на елитниот статус на умот, регресија во приватното и контингентното. Маргина 35 41
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Трупот беше добро хранет и тоа не со јазикот на „обновата и изградбата“, туку со регресија и разградба, со едно паролашко поимање на литературната идеја и новинарскиот однос спрема финесите на литературната стилистика и методика.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во споредба со студените реконструкции на Феликс Гмелин, бруталниот чин на Бренер изгледа како регресија кон веќе застарено поглавје од историјата на уметноста, а невкусната одбрана на Полити ми изгледа малку повеќе отколку празните соништа на старецот за повторно добиениот радикализам.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)