раштрка (св.)

Овците веќе се беа раштркале низ папратот, угорно од колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Акиноските, стриковците и братучедите Максимови, кои дотогаш и не ја напуштаа Потковицата, освен во исклучителни случаи, кога одеа да закопаат некого свој во Битола, или кога одеа во Прилеп или во Битола да оженат или да омажат своја челад, преку Прилеп, Битола и Солун,се раштркаа, во Софија, во Цариград, во Русија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А народот се раштркал и се распрснал, не знае кој пат да го фати.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пред студентите од Советскиот Сојуз (бивш) да се раштркаат по американските универзитети, американските организатори на студентската размена организирале за нив некој вид краток „брифинг“.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)