рашомонијада ж.

рашомонијада (ж.)

Секој од свој агол во своевидна наративна рашомонијада ги оспорува и ги поткопува веќе усвоените становишта.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Мојот престој во Албанија се претвори во вистинска рашомонијада, во фантомско патување меѓу семожни режимски режирани фантазми.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Овој роман, кој ја опишува петдневната рашомонијада на авторот во родната земја во пролетта на 1979 (кога овде се слави стогодишнината од раѓањето на Сталин), доживеа во Франција значајно толкување на своите внатрешни слоеви и пошироки значења од бележити француски писатели и книжевни критичари.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)