расчепи св.

расчепи (св.)

Се заниша малку се сврте ваму - таму, разгледа наоколу и кога го виде расплаканото девојче го расчепи клунот и гракна: - Гра-а!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
По некое време ја расчепи устата до ушите и брзна во смеа: - Ха, ви заиграа вилиците, синковци ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Малчо Златотворецот се вовре меѓу гранките и ја расчепи устата до крајни граници.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Царот си го тера своето. Ако не изѕидате таква кула ќе ве изнаденам на кол и ќе ве расчепам со кобили.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Од секојдневните настани бил расчепен надве - едната половина му е врела, гори, во сѐ бара вистина, сиот разум му е во неа, другата станува трупец под мраз.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)