расцветан прид.

расцветан (прид.)

Как што мрена риба барат место по д'лбоко, как што славеј, малка птица, седело си виет сред расцветени ми ружи в поле ил' градина, как што мајка силно љубит првата си рожба, так и младо љубит млада, искат мома јунак, младо момче-хубавелче, гиздаво си либе.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Во зиг-заг го прекоси големиот плоштад. Се потпре на стеблото од еден расцветан багрем, пред домот на Народната армија.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
По алеите расцветани разнобојни хризантеми.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Го корнат паркот... Унапот шири медна миризба. Силна. Продорна... Расцветани дрвја. Цвеќиња. Миризби... Пролет...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
3. Воздухот е расцветан Звуци на запалени бои го опиваат полето И небото почнува да се доселува Во облик на ѕвезда во секој заоблен плог.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Ги крева своите огромни раце, ги врти, ги гледа, лицето му е насмевнато, а очите расцветани.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
А кога почна почесто да се огледува на огледалцето што го носеше во џебот и да забележува некои промени на лицето: мали влакненца израснати под носот и на врвот од брадата, мов и расцветани мозолчиња по лицето и кога почесто го вадеше чешлето да се чешла - сфати дека му стасало времето што неговите домашни толку нестрпливо го чекаа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Маслинките расцветани како во некој далечен еп а уште подолу свеченоста на морето...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Меѓутоа, на лаичката публика што не располагаше со такви сонди за да продре толку длабоко во историјата на уметноста, ѝ остануваше или со бегол па и презрив поглед да помине преку мачканиците на платната или да се препушти на начудувањето пред ѓаволското оро од богатство до експлозија на бои, во кои можеше да си замисли или препознае што сака: расцветан трн, изгниен чинар, скршена играчка, дел од човечки лик со око во уплав.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во нив, си помислив, не треба да се најдат расцветаните овошки а за плодовите и да не станува збор.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Од двете страни на бетонската патека што води до влезната врата на двокатната куќа, во два редови - расцветани тренданфили.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
7.5 Остана вжарен белег од тој здив Расцветана рана на кожата однатре Како последен поздрав од Мајка Која никогаш веќе не ја видов.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Мириси на диви костени во зима, расцветани липи и багреми во пролет, гриз од најцрвените цреши и плав хоризонт во лето, златна боја и мирис на зачини во есен.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Кој видел расцветан односно насмеан роб.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Гасне една младост, гасне едно тело. чинам беше тој човекот од бајките оној кој долетуваше со белиот коњ и мирно дишевме во црвените јорговани се гушкавме со сочните треви кои мирисаа на сено расцветаните липи, каранфилите. сочност, зеленило, шаренило буи...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
До тој расцветан лотос во мирната вода имаше уште еден.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ко да летав на Марс чинам занесена не осеќав нежност во тоа патување сал болка која силно пече, боли гасне една младост, гасне едно тело чинам беше тој човекот од бајките оној кој долетуваше со белиот коњ и мирно дишевме во црвените јорговани се гушкавме со сочните треви кои мирисаа на сено расцветаните липи, каранфилите...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Осумнаесет години немаше ден Рада да не помисли на расцветаниот лотос.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Чекаше самата да го одреди мигот кога расцветана ќе дозволи да ја скине.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)