распуштен прид.
распуштеница ж.

распуштен (прид.)

(Решително, со цврст чекор се упатува кон спалната, но во моментот пред да ја отвори вратата се појавува Духот на слободата во лик на убава девојка облечена во бела облека, со распуштена долга коса, со факел во десната рака и венец во левата).
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
- Ами школото, бре! Го запусти ли? - Ама не, туку распуштени сме, знаеш?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Со цветно венче на главата, со распуштена руса коса дури до појас, со огрубено лице, со полна кошница бисилкови кивчиња и шарени предена одеше низ Потковицата и на сите крстопати и покрај сите води, и кладенци, каде што поминуваа, каде што пиеја и каде што пладнуваа Турци, правеше маѓии, па така никој, ниту Турчин ниту христијанин злонамерник не смееше да ѝ излезе во пресрет, не пак да ја земе на подбишега и да ја злоставува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сѐ почесто го наоѓале како се тетерави пред сурија распуштени дечишта или како спие напаѓан од муви во сенка на циганска плитарска куќа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Таа е ...“) грлена и гласна, со распуштени коси и со подадени раце кон неговите раце; ќе се најдат и ќе се јазат по ѕвездена пајажина кон спокојство и тишина во која, најпосле, се разговара со очи и со допири.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И веќе не знаел и не можел да види дали таа дошла до прозорецот, дали ѝ се распуштени косите како густ злотопад над соголените раменици, дали ги кршела прстите преплашено.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во полукруг пред поканетите наредени се девојки со долги бели копринети облеки облечени на голо, боси, со косите распуштени, со рацете раширени и сите во цутот на првата младост.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Уште пет минути!... Од дома... од дуќанот... од омнибусот, од таванчето... колку да се измоча... за да се нацрта уште побрзо во „Генитрон”... да се струполи тука, распуштен пред канцеларијата на де Перер...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ја испуштив патната торба и се здрвив. Тогаш се отвори земјата и пред да ме голтне со ѓонот в раце и главата крената горе кон мајсторот, убаво слушнав женски глас и стигнав уште да ја замислам жената како со распуштени коси седи на масичката под препарираната мечкина глава и неопитно липа во првата вдовичка ноќ. okno.mk 79 80 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Две поднадуени жени, едната од нив со долги распуштени коси, беа грабнале едно исто тенџере и го влечеа секоја на своја страна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еден добар број од неговите коњи биле полудиви, распуштени по падините на Сината Планина, така што одвај дел од нив можел да користи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Синдикатот не може да биде распуштен или неговата дејност да биде запрена по административен пат, ако е основан и ако дејноста ја врши во согласност со закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)