распуст м.

распуст (м.)

По божиќниот распуст даскалот Бино го испраша Крстета од аз до ижица и се покажа дека овој шебек ја знае целата азбука, го испраша по сметање не само до дваесет ами и педесет.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Настапи летниот распуст... Учениците од околните села си отидоа по своите куќи...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
А кога старецот ќе се врати, момчето пак ќе остане со него, до крајот на зимскиот распуст.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во време на распустот, Мирко без никој да го тера, научи сѐ што имаше пропуштено.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Беше крај на август, претпоследниот ден од училишниот распуст.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кога дојде училишниот распуст, Милчо замина на летување со своите другарчиња од училиштето.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Колку секавично поминаа деновите од летниот распуст.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Внатре беше мојата фотографија. Снимена еден летен распуст. Имав шеснаесет години. Со плетенки и јагне во прегратката.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Заедно одеа на скијање за време на полугодишниот распуст, заедно одеа на летување за време на летниот распуст.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Сега веќе може да го покани во време на распустот да ја посети неа, и баба му и тетките.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Секоја година за време на училишниот распуст чичко ми се враќаше в село, а неговото идење ние децата го очекувавме како најголем и најсвечен празник.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Доаѓаше и третиот распуст, третото мачно лето, кога Луција не ја гледав и по два месеца, оти одеше на село, кај баба ѝ и дедо ѝ, а јас сѐ повеќе губев надеж дека некогаш, кога и да е, ќе успеам да ѝ се доближам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Потоа, тамам малку се олабавив, во деновите пред распустот, оти тогаш наставничката ги испрашува само послабите за да можат да поправат некоја оценка, стигна онаа вест за Ивана.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сакам да расчистам со неа пред да почне распустот, оти не можам да издржам уште едно лето без неа, а да не знам на што сум!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Другиот ден Ивана и Нина со прегрнување, скокање и извици ја искажаа сопствената радост дека за зимскиот распуст ќе бидат заедно.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Биди спокоен, тоа ќе го сториме со Теми за време на зимскиот распуст.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Ама имаме време ќе го собереме материјалот до крајот на зимскиот распуст“.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Можеби брзо по ова ќе последуваа и некои пакосни веселости на негова сметка, зашто случајот самиот тераше да биде искористен, - но настапи школскиот распуст, девојчето замина во некој град во Србија, а Соколе само одвреме-навреме ќе наминеше во берберницата, дека немаше сега зошто да иде.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Чевлите ќе ми втасаа токму за велигденскиот распуст, а јас веќе бев канет да гостувам тогаш кај Миќо на село.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Овој аусвајс гарантираше дека во блискиот Претор на лето ќе добиеш конак во едно соц-реалистичко летувалиште и голем дел од летниот распуст ќе се излежуваш на плажа.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Повеќе