распупи св.

распупи (св.)

Кајсиите и сливите распупеа, а бадемот расцвета.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Жената, со топли дланки врз распупените дојки, шепоти благослов за неговото неизвесно патешествие во царството на чкрапјите, влакнестите пајаци, лукавите аждери.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сочен примерок на Лолита! Распупено тело со момински штим – како што би рекол новокомпонираниот поет.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сите цветови ќе се распупат. Ќе никнат сочни плодови.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)