распрска св.

распрска (св.)

Од силниот писок и острата и тажна мелодија сите во одајата занемеа, се замајаа и просто се изгубија, а во таа нема тишина сите прозорци распрскаа од тврди предмети однадвор.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Нашите работници со шлемови на главите, во сини рботнички блузи, беа распрскани по објектот. ...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Овој тевтер, или повеќе истородни тевтери, со сигурност се знае, во Потковицата суштествуваа до почетокот на педесеттите години на овој век, односно од времето кога присилата за колективизација многумина од Потковицата ги распрска на сите страни.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И оттаму, од таа средишна позиција на духот, од таа ментална луцидност, која никогаш ни за чекор не отстапува пред материјалната реализација, прекумерниот значај што обајцата им го придаваат на белешките, цртичките, записите, фрагментите, скиците, на целата таа пишувана и цртана легенда, вечно фрагментарна, распрскана низ бескрајот, свесно предадена на скришноста, каде што доминираат игрите со зборови, калиграфијата во огледало, нејасните алузии, повеќе hors d’oeuvre отколку oeuvre, оттаму некој вид на дневник со кого таквото дело се храни. okno.mk | Margina #3 [1994] 13
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Оние металните, добро изгладени играчки, се распрскаа ваму – таму како исплашено јато. Сѐ потона во паника.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Палестинскиот народ во овие услови ќе се соочи со два големи егзодуса (во 1948-та и 1967-та), кога не само што ќе биде истеран од својата земја, распрскан на четирите страни на светот, главно во логори за бегалци во мизерни услови за живеење, зависни од репресивните арапски режими кои го инструментализираа палестинското прашање за свои цели, но, исто така, и пред упорното одбивање да се признае историската неправда што му беше нанесена на овој народ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Секоја ноќ сонував ангели. Луѓе облечени во бело ме посетуваа, божем ако удрам со секирата по глава, крвта ќе се распрска по белото и ќе се гледа многу оддалеку.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Нашиот свет го скрши на милион ситни парчиња кои се распрскаа низ суровата тишина и засекогаш исчезна во длабочините на времето.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Богдан Русимиров беше човек на Шефот кој оцени дека крај себе треба да има таков професионалец со чиј прозивод би задржал ниво над сите други во увидот на нивната службена работа, но и во приватниот живот: тој се радуваше на материјалот што секојдневно го добиваше од Русимиров, внимателно го складираше, плашејќи се да не се активира предвреме, да не се распрска во неговите раце, да не го разнесе експлозивот што го подготвуваше за другите.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)