распаќе ср.

распаќе (ср.)

Од Распаќе до болница патот крви се полеа. Кај Милева и врвеше, орман ми се одзиваше.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Нежно, мајчински топло, народниот певец пее за Косоварката Милева падната вo борбите за Македонија: „Ај Милево другарице, те ранија на Распаќе, Од Распаќе до болница патот крви се полеа.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Од Егејска Македонија A Милево другарице, те ранија на Распаќе.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Трето распаќе: По овој пат од сите провалии побезнадежен Дожд ќе се престориш.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Второ распаќе: Овој пат води Од твоето небидие До тебе.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Прво распаќе: По овој пат, внук внука ќе води векови. Рамнинава од плеќи планина ќе ја престориш од планина Непреод да протече.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
НА РАСПАЌЕ МЕЃУ ОРИЕНТОТ И ЗАПАД
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Татко, внесен во своите свети книги, стравуваше најмногу за судбината на својот албански народ зашто, троверен каков што беше, лесно можеше да се најде на трагичните распаќа на историјата, лесно ќе го престројуваат на погрешната барикада, лесно ќе асимилираат него­ви делови за сметка на другата вера, ќе го натераат да ги брани границите кои го разделуваа со своите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Таа постојано изненадуваше со нова централна тема, која имаше силна моќ да извлекува од балканската сага дури и теми каде што моите мисли се наоѓаа на распаќе на дилемите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во тие моменти, кога почитуваниот се наоѓа на судбоносното распаќе, (во дошепнувања со анѓелите, или, не дај боже со демонот) ние, неговите блиски, и тоа не по наша вина, изговараме многу слични, или речиси исти реченици.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Татко, кој во животот беше на вистинско јазично распаќе, тоа најдобро го чувствуваше.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)