расветлување ср.

расветлување (ср.)

„Вистинскиот симбол“, пишува Хегел во Естетиката, „е во себе загадочен дотолку што надворешноста низ чиј што пат значењето треба да стигне до своето расветлување, сѐ уште останува различна од значењето што треба да го прикаже, па затоа симболот е подложен на двојност, и во таа смисла треба да се третира ликот. Margina #26-28 [1995] | okno.mk 245
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во расветлувањето на тајната, што не беше спремна да ми ја открие, не ми помогна многу ни прашањето што уследи, бидејќи и тоа беше исполнето со двоумење: „За да можеш да се наречеш нечиј син зар не е поважно да бидеш сигурен дека таткото ти е спремен да те прифати?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И додека јас се измачував со разни филозофски становишта при изнаоѓање добра солуција за расветлување на македонската сага: Оп, еве ти сега, вест, нова вест, НОВИНА: Деновиве ја слушнав вестта дека сателитското вешто око, поставено над Македонија, некаде кај Куманово, во месноста Кокино откри ОПСЕРВАТОРИУМ! (Но, од таму некаде кај Кратово е родум мојата прабаба Трајанка, од село Железница).
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Постапката се одвиваше според законските правила пропишани за расветлување на криминални дејствија и ние бевме сосема изолирани.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Секој третиран турцизам за нив отвораше нови хоризонти во расветлувањето на односите помеѓу луѓето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во еден период, Камилски, кој повеќе од сите други во Архивот, а може да се рече и пошироко, може да ја оцени вредноста на сиџилите и улогата на Татко во нивното откривање и обработување, во момент на восхит, откако прочита еден султанов ферман, значаен за расветлување на балканската историја, восхитено му рече на Татко: Во сиџилите почива времето!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)