рамнодушен прид.

рамнодушен (прид.)

- Каков Ѓавол? се обидов да изгледам рамнодушен. - Ѓаволи нема. Ти тоа го измислуваш.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
— Јас си го гледа моето Толе со мустачињата, та за туѓа брада ич не ме боле. — Се правеше Доста рамнодушна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мартин знаеше кој му го прави тоа и смислуваше од страшни пострашни планови да им одмазди, но и кон деда си не беше рамнодушен.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Останав се раскрвавено лице, со раскрвавено срце. Кога стаса полицијата станав рамнодушен спрема сѐ и немав волја да објаснувам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Беше рамнодушен. Рамнодушни се само страшливците, мислеше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Пак остана рамнодушен.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Очите на човекот стануваа стаклести. Не беа веќе рамнодушни.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не се љубопитни тие очи, не се ни рамнодушни.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Есента доаѓа рамнодушна и дури некако скептична во кругот на самотата што го носи Се постелува преопрезна зад грмушките на видот и чека како итро демнење И не е само тажна метаморфоза на лисјето и подмолен пристан на испокинатите магли што висат од рамената на студот Туку е клопче од многу излитени носии и сива клупа од постојани медитации при кои долго се молчи
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
1. Подвизи?... Без одговор на тоа необично прашање, лежеше долг и сонлив во градскиот парк и, израмнет со одамна покосената трева и рамнодушен за летните шумови, го слушаше недалечното сопнување на реката.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тие како да беа рамнодушни, што убавата преспанка им го навредува господарот, одбивајќи ги неговите дарови...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
4. Ако доброто почна да бега и од него зашто тогаш не му рекоа обвинет си дека си луд, смртна опасност си за луѓето, дојди на испитување, болницата се наоѓа таму и таму, бројот на телефонот е во телефонскиот именик, туку дојдоа како ураган, обајцата - горила со ниски, безгрижни чела и зелени подочни кеси, обајцата колку тројца како што беше тој, набрекнати, сити рамнодушни за сѐ, дури и за себе, ни толку умни за да бидат некогаш луди.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Мислеше на Јана и не беше веќе бесен на Ивана со врелина прашувајќи се зошто луѓето стануваат рамнодушни кон своите ривали и зошто ноќе имаат разбирање за нив.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Ти се преправаш само рамнодушен. Ти не можеш да го одминеш тоа...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Запленет од своите неразбирливи соништа, остануваше рамнодушен кон жената што го љубеше.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сега таа сала, огромна и спарена, ќе му се искикоти на живиот и мртвиот Арсо, вака рамнодушна, љубопитна и пакосна.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој ден навистина беше полн со нешто, кон кое што не можеше да се биде рамнодушен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кон сето тоа бев рамнодушна.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Со сета предност и сиот баласт на своите млади и непрегорени години, Живко Чинго се вредува во нашата книжевност како еден од ретките (и: дали - последните?) писатели идеалисти, ако тој збор пред сѐ, го сфатиме како антитеза на инертната, бескрвна, апатична незаинтересирана и апстрактна симболика на рамнодушните.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ми е чудно зошто толку сум рамнодушна во сонот, а најаве не сум.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе