разјужи св.

разјужи (св.)

Дај жити бога, разјужи малку, му зборуваше тогаш некому невидлив крај себе тој.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ако го сретнеме, мислеше, ако биде среќа да го сретнеме, ќе можеме да ја преживееме тука и целава зима, едноставно да си останеме овде сѐ додека еднаш не разјужи, а пак ако разјужи побргу, тогаш ќе можеме да си однесеме и дома, заедно со една добра свињска кожа, уште неколку килограми свињско месо, пресно и замрзнато. Ајде, си рече сега, добро, ќе видиме.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Треба човек да ја познава работата, а кога немавме ниеден друг прирака, освен Дука, и кога тој не можеше да дојде, тогаш поседи неколку дена, две-три недели, мислам, почекај ако разјужи, ако дојде водана, поработи, извади некоја штица, а после бегај.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Разјужи“, се радуваше Бојан. „Само да потрае така. Ден, два, не повеќе. Да се преполови снегот, да легне.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Времето веќе се разјужило и капат стреите, се танчи снегот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)