разјарен прид.
разјареност ж.

разјарен (прид.)

Сето време со него надолу се тркалаа многу огромни карпи, што ги џиткаше по удолницата онаа разјарена ѕверка, а камчиштата се заиверуваа во стеблата и просвируваа здробени околу него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Неколкумина од тие разјарени луѓе влегоа во дуќанчето, а оној Братот ги чекаше тука наострен, како сабја.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не можејќи да излезе во првиот здив, онака ужасно надојден и разјарен, викот му го распара грлото и згина без одзив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Имаше една приказна која кажуваше како Волчарот голорак се фатил со некоја разјарена волчица, а во вистинска ѕверска борба, сиот испокасан, раскрвавен, успеал да ја задави.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Така бујниот Толе, притеснет од положбата во која се најдуваше, ги советуваше селаните да се спасуваат со гоштавање и придавачки, а сам во себе вркеше од гнев, сега не само на Турците, што си ги бранеа своите петвековни државни права, ами повеќе на Борисовци, Тренковци кои „дојдоа од џенемиите“ — од Бугарија — да ја запалат земјата и да го остават народот на милост и немилост на разјарениот душман“.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Стигнав до крајот на ходникот и се свртев, држејќи ја дрвената под мишка. Ги погледнав разјарените луѓе.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Така, со згрчено лице, разјарен повеќе од бикот, кршејќи ги сувите гранки, бавно се пробиваше низ темната студена гора.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Со него, паралелно во ист ритам, одеше и неговиот бик Чако, разјарен, лаком во своите потреби, кој подгонет од неудобноста на студот, веднаш јурна низ угорницата, без да го почитува својот стопан.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Еразмо се кршеше некаде помеѓу желбата за земска храна, за удобност, за сладостраст и среброљубие – содржина на разјарениот бик кој требаше да се гони, да се вглави и здодевните разговори со сопственото живо битие што одвај преживува, полно со животен сјај во очите, со мрачнина и студенило во душата, со поглед насочен кон височините во потрага по вистинската желба за битисување.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Дали да те опишам како патник кој пробива пат-падина, пат-гибел чистач на убавини фокусиран хаос разјарен чемер или како апсолутно его?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Во блесокот на полната месечина По патот на вечната далечина Во сонот што со јаве се кити Восхит незнаен од неправда штити Сити се оние што не глодаат туѓо месо Од коска до коска Од рез до рез Питоми луѓе со смисла и без Во занес од воздух опиени Гласни воздишки и мирис на млека од гради излиени Вени од кои страста води од ек во ек Одек во векот разјарен крвожеден...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Ко грмотевица завива одзивот на гласот меѓу две разјарени тела...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Бучи огромна, нескротена и разјарена и, удирајќи на карпестите брегови, ги влече распенетите и бистри води.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)