разјадува несв.

разјадува (несв.)

Еднаш почувствувана ревноста разјадува, со необична силина тера, гони да се покажува низ секој збор, движења, здив.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога се вабат, мислеше, секако не е ни толку вистинско, за да биде онака добро, какво што треба да биде; тоа го разјадува дури и чекањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
1. Тоа е корален звук на море што надоаѓа Непознато писмо забележува еп За земјата што ја разјадува цвеќе.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Веќе копнееше за човечки збор, за нежна мајчинска грижа, за топлиот светол дом, за училиштето кое сигурно веќе почнало да работи, за другарите кои го чувствуваат неговото отсуство и ги пече неговата неизвесна судбина, но колку повеќе им се предаваше на мислите, колку повеќе се пушташе тие да го водат, толку повеќе го разјадуваше немирот, па стана, иако уморен, се фати за секирата и го почна својот двобој со Јурукот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Калта ги разјадува железото и лостот пред очајот на целта.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Облакот е голема рана на небото неговата сенка земјата ја притиска мислата на него светот го разјадува.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Ми се качи ко 'рѓа на железо што се качува и почна да копа, да разјадува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сѐ повеќе остававме душите да ни ги разјадува лишајот на оттуѓување од сѐ што е човечко во нас и околу нас: туѓиот грев, или нешто што е повеќе споулавеност и очај отколку грев, ни влечеше кон загатки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неколцина се определиле - едните за едниот Онисифор, другите за другиот. Мртвиот Дмитар-Пејко веќе ја разјадувал дружината.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Писмата* Келн-Скопје од 89 г., што се пред вас (драги („)маргиналци(“) и творјани), се наоѓаат тука од три причини: првата и апсолутно доминантна е онаа естетската; станува збор за една комплексна, измамнички автореференцијална и во крајна линија лирска во своите пајажинести структури, приказна, всушност Дијалог (воспоставување Разлики што искри Креација!) меѓу два прилично различни духа чиј што фантазмогориски набој се судира на тоа чудно поле на епистоларната проза; втората причина е обидот едновремено да се воспостави како разликата меѓу тоа “fin de siécle време” (кога медиски суптилно дозираниот но континуирано експандирачкиот фашизам на Милошевиќ и неговата клика од глупаци, слуги и разбојници, почнуваше да се прелева преку чашата и полека да ги разјадува и онака тенките шевови на „вештачката творба“) и ова време (на нов почеток, како во нов век, на некој начин, без доволно артикулирани репери и со многу неизвесност), така и сличноста, што можеби најмногу се согледува во таа потенцирана артифициелност, маниризам можеби, ескапизам дури, што, на некој начин, самата уметност и е, гледана од тој беден политикантски агол; третата причина (зошто токму овие „декадентни“ писма, кога и Вулкански и Станковски имаат дела многу „позаводливи“, „попримерени“ на овој сегашниов - „нововековен“ - контекст) се надоврзува на втората: кои сме и што сме со тој багаж што го имаме во главата?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Како што врвеа деновите, едно прашање како црв ја разјадуваше Марија.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но беше и гладен исто така, и тоа гладен на некаков разјадувачки, нездрав начин.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој ги разјадува, рушејќи има ги сликите на визијата, создава лоша проценка на подоцнежната старост.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Научи мирно да живееш! Брзањето е ’рѓа, го разјадува човека.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Човекот е жив – колку што има живот во себе Еразмо се уште го разјадуваше лакомоста.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Солта уште повеќе ѝ ги разјадуваше раните. Ја печеше, ја штипеше по целата глава.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)