разуздан прид.

разуздан (прид.)

И после почна да се кркори: го фатила некоја разуздана смеа, некој кикот што завршува со потписнување на грлото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Впрочем, да се идентификува BAD, да се биде секогаш на штрек, го овозможува задоволството човек да се чувствува жив во време кое „врие од разуздана празнина и ѓубре”. Fussell вели дека нештото кое очигледно е лошо не останува лошо за долго, бидејќи некој ќе се сети, и bad ќе се воздигне во BAD, ќе биде фалено насекаде како вредно, како посакувано.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Го влече едно чувство на родител да го стори тоа, да ја посоветува дека не е злато сѐ што свети, да ѝ каже да се пази од оваа разуздена младеж, - тој треба да ѝ каже, зашто сегашниве родители се толку лекомислени и толку незагрижени за челадта.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Уште на почетокот, кога во однесувањето на госпоѓа Мариела, при честите службени контакти, го проѕре кај неа чувството на наклонетост кон себе, Богдан не можеше да си објасни дали тоа беше резултат на своето, со оглед на годините (тој од госпоѓа Мариела беше помлад дванаесет години) нагласено љубопитство (ако тоа се читаше од погледите со кои тој шеташе по нејзиното високо, видно потполнето, со нагласени облини, но складно тело) или на решеноста на оваа жена со својот порив да направи баланс меѓу срцето и разумот и отсуството на сопруг за нормален живот да го надополни со разуздан одговор на страста која ја поседуваше и заради која еден млад човек беше подготвен да им се подреди на сите нејзини желби.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Едноставно немаше сила што можеше да го стави во ред ова разуздано суштество.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Титан трча со црвена торбичка в рака како слуга на една разуздана поза, маска и глума. Развратна.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Зацвиска коњ и откинат од узда - разглавен и разуздан високо затрептува и зафрлува нозе, удира и гази...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Слична разуздана отпуштеност се надоврза Камилски ќе биде забележана во употребата на рускиот јазик во постреволуционерна Русија, но до вистинска револуција во рускиот јазик ќе дојде кога Сталин ќе стане неприкосновен владетел на СССР.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)