разрешница ж.

разрешница (ж.)

Бараше врски, бараше разрешница, бараше вистински одговор за излез и сакаше ова лудило веќе еднаш да престане...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Напротив, Маркоска, жестоко (уште една конотација со терминот Естуизам) ги сопоставува во својата поезија елементите на прочитаното и доживеаното и навидум детски, наивно, поентира во манир на Зен-мајстор, со своите чудни и на моменти апсурдни разрешници на така строго (метрички) „излеаните ” форми импрегнирани со лирски патос, но со саркастична глазура, за оние кои го гледаат само одблесокот на мислата од семантичкиот габарит на „направеното”...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Во овој случај симптоматично е и тоа што дополнително се појавува проневера со сопственички акции – но, за која сѐ уште нема конечна судска разрешница.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)