разнороден прид.

разнороден (прид.)

Во богатото и разнородно книжевно дело за деца и млади на Ванчо Николески, во недоброј убави и толкупати недоречени и незавршени страници од писателовата идеја и мисла, по неговиот знак на препознавање „Волшебното самарче“, секако и романот „Гоце Делчев“ е во редот на оние негови дела по кои ќе го познаваме и помниме.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тесауровата discordia concors во Англија тогаш ја толкувале вака: "комбинирање на разнородни слики или откривање на скриени сличности во привидно разнородни нешта".
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тоа го навестува на дистанца од неколку столетија; треба да се смета токму врз таа скала, вардејќи се од тоа да се занемари квалитетот на едно мошне разнородно историско траење: неговото забрзување и неговата квалитативна смисла се такви што е можно, исто така, да се излажеме дека мудро проценуваме следејќи ги минатите ритми.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Компјутерските мрежи не се разнородни.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Населението во Солун било разнородно.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)