размрда св.

размрда (св.)

Подводното чудовиште се размрда за час, а водата се разбуричка. – А – ха ... вие сте од тие јунаци што сте се кренале мене да ме уништите ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Селаните се размрдаа лево и десно и сите погледнаа во Доста Рожденката, која веќе ја криеше главата од погледите да не ѝ се насмеат уште тука, в очи, во првиот судбоносен момент.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Купчето од селани се размрда.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Овчарите се размрдаа и рекоа: - Треба да си одиме.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Бузо и неговите панично се размрдаа покривајќи ги главите со раце, бегајќи и чувајќи се од камењата што неопределено и нерамномерно се разлетуваа ваму-таму.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се обиде со рацете да ги размрда железните прачки на прозорчето, но тие беа цврсто заѕидани во ѕидот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Наеднаш се размрдаа и се покажа учителот, кој се допре до Лангачот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се зарадува Полжавот. Се размрда малку.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
— Кој е тој непознат човек шо сака да ми помогне? — праша Најдо и се протегна да ги размрда мускулите, да му се раздвижи крвта, бидејќи ете, неколку дена како лежи во темната јама без воздух, без светлина, бетер од оние во прилепскиот затвор и во Катилане во Битола.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Излегуваше на чардакот и правеше вежби за да се размрда и потпевнуваше за да го задуши офкањето што му идеше од болките од реумата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Змиулчето му јадеше од рака, го следеше во прошетките низ шумата, дремејќи во џебот од неговата избледена, но сè уште топла бунда или (кога сонцето ќе ја размрдаше) ползејќи по него.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Нѐ слегоа да се исправиме, што се вели, да се размрдаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Штом некој ќе фрлеше подебело дрво, тоа ќе ги размрдаше дрвата на кладата и роеви искри ќе сконеа нагоре во мракот, а ние спонтано ќе извикневме на сет глас: - Сурова, сурова, Нова година!
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И одвреме – навреме ги префаќам ни сам не знаејќи дали зашто сакам подобро да ги соберам во шаката или од потреба да се размрдам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Од другата страна на Вангела се размрда Родна, ама тоа го правеше така како да си е само со својот Петар во затворена одаја.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Заедно со бранот размрдан воздух што го предизвика отворањето на вратата, во ќелијата допре и силна смрдеа на ладна пот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Љубопитната енергија бара постојано освежување, едно ново ѕвонче што ќе ни размрда некоја клетка во свиоците на нашиот инкогнитен мозок.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И тогаш ќе се појави глувчето и од него, „како да се стресе, како да се размрда“, ќе оживее и куќата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Лут на себеси дека задремал најаден и напиен, што можеби го потсетуваше на татко му од кого сакаше да се разликува барем во по нешто, Живко се размрда не само расонет туку и отрезнет, па дури и си ги протри дланките од претстојното задоволство откако си ја избриша дремката од лицето: - Ако ја преспавме Битола, нема да го преспиеме Прилеп.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Неочекувано, кај погорната воденица, шишарките се размрдаа и на лединката се појави лично тој, Даскалов!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Повеќе