разлути св.

разлути (св.)

Зашто тие се голи и боси, туку и зли се како оси, ако ги разлутиш...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
И кога најпосле на Трна ѝ се разболе и последната надеж, Пецето, — тој побрза да ја исплаши дека свети Илија толку се разлутил на неа што не ја дава нивата за манастир, та ете и последното пиленце ќе и го прибере.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Громови ќе ја разлутат оваа насилничка тиранија.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ех, колку се разлути мајка ѝ!
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Ова многу го разлути Зоки Поки. Тој ја викна Лидија и ѝ рече: - Дојди, Лиде, ние нешто сами ќе си играме!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Самата мисла дека на ова столче седеше Адем, Толета уште повеќе го разлути и почна да подрипнува од него, небарем на магарешки трње седна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тогаш се разлути поп Цветан и му се развика на Јандрета, и им се развика на комитите, на војводите и на сите жители на Потковицата дека тоа што го прават со попот српски не било ни човечко ни божје, и дека тоа го правеле ѕверови а не луѓе, сеедно кој бил попот српски и што правел.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Разлутен еднаш ја донесол назад кај нејзините во чергата и заповедал да ја истрижат; нејзината коса ја фрлиле во вирот, а потоа и неа, и Шава, ја фрлиле во вирот, намачкана со смола и со катран и запалена.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа многу го разлути Ибрахим бег, го зеде кесето и уште во истиот миг му го предаде нему, на Максима.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сака да нѐ разлути. Ама и јас знам што да сторам, кога вака си го бара: ете, нема да одиме во слаткарница!“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ване ја тупна торбата среде масата, не да ја разлути туку да ја поврати: - Татко отиде на работа?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Многу се разлути кога, поради големата возбуда или преголемата смрдеа, го промаши дивјакот.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Само да можеше да го разлути и да ѝ ги истури обвинувањата в лице, да ја осуди, и тогаш таа ќе може да се брани наместо да го моли да ја разбере и да ја признае нејзината невиност.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Полека, како божем секое нејзино нагло движење да може да ја разлути змијата, таа го зголеми растојанието помеѓу себе и змијата и, додека сѐ уште ја гледаше, но сега на доволно безбедно растојание, јурна да трча и, спринтирајќи околу аголот на куќата, брзо влезе во кујната.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Секако ќе го наречев, ако знаев дека тоа ќе го разлути, толку многу што ќе се сврти кон мене за да ми рече да замолчам.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)