разлистува несв.
разлистување ср.

разлистува (несв.)

11. Слушавме како надоаѓа и топол ветер, а се гледаше и времето како започнува еден нов круг лутајќи меѓу пештери и тишина во која разлистува сѐ.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
А времето навистина беше веќе отворено и можеше да го листаш како оној албум со слики на братучедата Роза, и, разлистувајќи ги страниците, ако гледаш внимателно, ќе сретнеш секакви лица: и насмеани, и зачудени, и несеќидневни, и обични; само расплаканите не ги спомнувам бидејќи секој си ги брише очите пред да застане пред фотографскиот апарат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Страшно е да се поверува дека ќе се биде тоа: осамено стебло на чии гранки ќе разлистуваат зборови... ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Нејзината база беше изрека од енциклопедијата „Мислило“, која во здодевните денови ја разлистував, а ветуваше голема помош доколку човек сака самиот да си помогне.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)