разладува несв.
разладување ср.

разладува (несв.)

Собата се разладува. Почнува да студи.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Се молеше ко дете, вели и ја разладува водата што ја донесе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Фонтана. Да блика водичка, да шурка, убаво да биде, свежинка да шири, жедните да застануваат, да пијат, да се разладуваат...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Блед и со црвен нос како снешко белчо кој се разладува со лист извалкана, неиспишана хартија, зарипнато викна: „Еве, овде имам некои ескимски мапи!“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Се разладува времето... - забележува веднаш мајка ми!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Велеше оти преку нив си ја разладува душата и си го очистува срцето.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Плимата доаѓа и си заминува секој ден - света обврска и е да му ги подзамива и разладува стопалата на Сан Педро Клавер, апостолот на Црнците, робот на робовите, кој сека недела ги дарува минувачите со бели каранфили и им намигнува на мајките доилки со разголени цицки.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Благо го разладуваше западното ветре на преријата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)