раздвојува несв.
раздвојување ср.

раздвојува (несв.)

Околностите создаваат културна и национална близост меѓу луѓето и околностите ги раздвојуваат роднинските елементи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Но, човекот не можел да ги избори своите најстари и наједноставни поими поинаку туку со соочување на спротивноста со нејзината спротивност, и дури така постепено научил да ги раздвојува двете страни на антитезата и секоја да ја мисли не мерејќи ја свесно во однос на другата.”
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Значи нема никаква смисла да се раздвојува разумот од телото.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Постои простор помеѓу нив во кој се протегаат некои нови концепти, кои И го обединуваат И го раздвојуваат парот, но кои не можат еден на друг да се редуцираат.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се чинеше коњот и неговиот јавач се едно суштество што одвреме-навреме се раздвојува, па секоја од двете засебни единки тргнува по некој свој однапред одреден пат, но веќе во следниот момент двеве разделени единки повторно се слеваа во една нова поцврста целина, која, барем така изгледаше, ништо повеќе не може да ја раздвои.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Недоразбирањето е она што ги раздвојува нормалноста и лудилото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Велат дека од овој свет потешко заминуваат оние кои на него оставаат потомци – смртта им го раздвојува животот кој го добиле и животот кој го дале.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК